Нурмагомедов најави спектакл, а Дана Вајт потврдува: Ќе направам се што посакува…

Хабиб Нурмагомедов ќе се бори на 24. октомври против Џастин Гејтџи за светската титула во лесна категорија. Тоа треба да биде еден од најтешките предизвици за Дагестанецот кој е сигурен дека ќе победи и веќе го планира потоа и следниот негов меч, последен во кариерата.

Хабиб најави, по мечот со Гејтџи, дека сака борба и со легендарниот Сент Пјер, а првиот човек на УФЦ, Дана Вајт нема ништо против за еден таков спектакл.

„Знам дека Конор силно посакува нов меч со Хабиб, и тоа е борба која и ние ја сакаме, но не знам. Ќе видиме како ќе течат нештата. Секако отворено сум и за други борби. Ова момче е вредно за компанијата, за спортот. Го сакам Хабиб и ќе направам се што посакува“ – вели Вајт.

Легендарниот Сент Пјер некогаш беше најголемата УФЦ ѕвезда, шампион во средна и велтер категорија, но од 2013 година имаше само еден меч.

Се вчитува...