Нурмагомедов: Во рингот никого не сум сакал да повредам, освен тој Конор…

Хабиб Нурмагомедов вели дека единствено во борбата против Конор МекГрегор имал намера да му нанесе болка на противникот. И на ниту еден друг.

МекГрегор во октомври 2018 година жестоко го навредуваше Хабиб на верска основа, но во октагонот Хабиб тотално го уништи присилувајќи го на предавање на борбата. Токму на таа борба Нурмагомедов со радост сега ја спомнува….

„Моја омилена борба е онаа против Конор… На почетокот уживате во победите и тоа ви носи одредено задоволство. Во последно време не уживам толку, освен во таа една борба. Во таа борба со задоволство го пребив тој човек“ – вели Нурмагомедов и дополнува:

„Имав борби во кои знаев дека можам да го повредам противникот, но не го правев тоа, затоа што навистина некои противници не сакам да ги повредам. Ова е брутален спорт но никого не сум имал намера да повредам, освен тој еден“.

Дагестанецот во моментов има ефект во кариерата од 28 победи и ниту еден пораз, а повторно во октагонот ќе биде во октомври. Противник треба да му биде Тони Фергусон, а се очекува само прецизно дефинирање на датумот.

 

Се вчитува...