Македонија се закити со златен медал на Медитеранските игри во Тарагона, откако борачот Магомедгаџи Нуров денеска во голем стил настапи во финалето до 97 килограми против Симоне Јанатони, декласирајќи го својот противник со 11-0.
Откако потешкиот дел од задачата го заврши во полуфиналето против Турчинот Деде, македонскиот борач денеска целосно доминираше, заслужено искачувајќи се на највисокото место на пиедесталот.
Ова е втор медал што борачите го освојуваат денеска, откако Дејан Митров се закити со бронзено одличје во категоријата до 74 килограми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА