Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров по цели 12 години успеа да донесе олимписка норма за Македонија.
На Светското пренвснтво кое се одржува во Нур Сулатан, Казахстан, Нуров во репасажот во категоријата до 97 килограми го победи Молдавецот Николаи Чебан со 2-1, со што обезбеди олимписка виза за Македонија, но и можност за борба за освојување на бронзениот медал на СП.
Во битката за бронзата Нуров ќе се бори против домашниот борач Алишер Јергали.
„Ова е голем успех за македонскиот спорт. Стигнавме до олимписка виза откако Нуров имаше одлична борба против Молдавецот а сега очекуваме и бронзен медал од Светското првенство“ – изјави селекторот Љуљзим Вранези.
На СП македонскиот борач најпрво славеше против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7-2. Во четвртфиналето налета на еден од најдобрите светски борачи, Русинот Абдулрашид Садулаев и загуби со 0-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА