Могамедгаџи Нуров остана без бронзен медал на Европското Првенство во борење што се одржува во Букурешт, откако македонскиот репрезентативец во клучната борба загуби од Азербејџанецот Гаџиев со 5-0.
Борбата мина во апсолутна доминација на противникот, кој не му дозволи на Нуров радост, што ќе значеше и втор медал на Македонија на ова ЕП.
Само за потсетување, македонското борење по цели 12 години повторно има медал од Европското првенство за сениори. Владимир Егоров во категоријата до 57 кг. успеа да слави во борбата за третото место и стигна до бронзен медал. Тој го совлада Андреј Дуков од Романија, на поени со 7-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА