Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров остана без можност за медал на Светското првенство во борење (слободен стил) кое се одржува во Осло, Норвешка, откако загуби во репасажот од Монголецот Батзул Узисајкан со 0-6 на поени.
Нуров, така, на крајот го освои седмото место на Светскиот шампионат во категоријата до 97 килограми.
Претходно, македонскиот борач беше поразен во четвртфиналето од големиот Кајл Снајдер од САД кој триумфираше со технички туш од 0-11.
Но, доби Нуров преку репасажот можност да се бори за бронзата која не успеа да ја искористи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА