Репрезентативецот на Македонија, борачот Могамедгаџи Нуров успеа да се „чекира“ во големото финале во борење во слободен стил на Медитеранските игри откако со 6-1 во полуфиналето беше подобар Елдерс Мустафа од Египет.
Нашиот борач претходно оствари три победи против своите противници од Тунис, Алжир и Шпанија. Финалето е утре, а противник на Нуров ќе биде Фејзула Актурк од Турција.
Со овој пласман во финалето Македонија осигура медал на Игрите во Оран, Алжир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА