Нванкво Кану – срце големо како Африка

Поранешната ѕвезда на Арсенал, нигерискиот фудбалер, Нванкво Кану големата популарност што ја стекна играјќи во Премиер-лигата ја користи за помош на африканските дечиња со срцеви заболувања. Преку неговата фондација „Kanu Heart Foundation“ досега има отворено пет болници низ сиромашниот континент во кои третмани добиле повеќе од 500 деца. Тој следниот месец ќе организира добротворен натпревар меѓу поранешните ѕвезди на Премер-лигата и африканските фудбалски легенди од кој треба да бидат собрани средства за нова болница, во главниот град на неговата родна Нигерија, Абуџа.

Кану имаше проблеми со срцето во 1996 година кога беше дел од Милан. Мораше на тешка операција во САД, но потоа успешно му се врати на фудбалот. Кога се пресели во Арсенал во 1999 година ја отвори фондацијата.

„Овој натпревар е многу важен. Не смееме да ги одложуваме ваквите работи. Срцето не е нешто кое смееш да го оставиш да чека. Мора да делуваме брзо и да собереме што повеќе пари“ – вели Кану.

Добротворниот натпревар е закажан за 30 септември во Лондон, а засега потврдено е дека покрај Кану, на него ќе се појават и Сол Кембел и Роберт Пирес.

Се вчитува...