Нзенгуе од Брера во нападот на Шкендија

Шкендија веднаш по почетокот на подготовките за новата сезона претстави големо засилување за навланата линија, потпишувајќќи договор со Фахид Нзенгуе.

Станува збор за фудбалер познат на домашната спортска јавност ако се знае дека тој го мина првиот дел од сезонава во ПМФЛ, со успех бранејќи ги боите на Брера. Тој настапи на 16 средби за струмичкиот прволигаш притоа постигнувајќи осум погодоци, со што го привлече вниманието на клубови во мак-фудбалот, но и во регионот.

Нзенгуе најпрвин го раскина договорот со Брера, а денеска и официјално потпиша за Шкендија, по што се стави на располагање на стручниот штаб на тетовци од почетокот на подготовките.

Габонецот е второто засилување на Шкендија во овој преоден рок, откако претходно беше потпишан договор и со Дрилон Ислами од редовите на ЦФР Клуж.

Се вчитува...