Нзонзи од Рома во Галатасарај

Стивен Нзонзи минатото лето пристигна од Севилја во Рома, но францускиот интернационалец воопшто не ги оправда очекувањата на „римската волчица“, па по само една година во овој клуб си заминува од „Олимпико“. Турскиот првак Галатасарај е новиот клуб на Нзонзи, откако гигантот од Истанбул се договори со Рома за двогодишна позајмица на овој фудбалер за врска.

Раководството на Галатасарај ќе има можност да го откупи целосно неговиот договор следното лето за 16 милиони евра, но и доколку тоа не се случи, Нзонзи според договорот за позајмицата ќе остане во Истанбул до јуни 2021 година.

Рома по овој трансфер ќе се насочи кон ангажман на нов голгетер, но и кон засилување на одбранбената линија, по пропаднатите преговори со Ливерпул за ангажман на Дејан Ловрен.

Се вчитува...