О’Нил и Рој Кин си заминаа од кормилото на Република Ирска

Мартин О’Нил и Рој Кин си заминаа од клупата на Република Ирска по серијата слаби игри и резултати на оваа репрезентација во изминатиот период. Двајцата стратези ја презедоа клупата на ирскиот национален тим во 2013 година и три години подоцна ја одведоа оваа селекција до осминафиналето од европскиот шампионат.

Сепак, 2018 година мина во очајни игри на ирскиот состав, без ниту една единствена победа и испаѓање од групата во Лигата на Нации.

„Сакаме да им се заблагодариме на Мартен и на Рој за позитивното влијание врз нашата репрезентација од моментот на нивното преземање. Имаше многу позитивни моменти, а најголемиот сигрно е настапот на ЕВРО 2016 во Франција, од каде нашите фанови уште долго ќе имаат бројни прекрасни спомени“ – се вели во соопштението на Ирската Фудбалска Асоцијација.

 

Се вчитува...