Комплетирано е петтото коло од кошаркарската Супер-лига на Македонија, во кое МВП според бројот на индексни поени е кошаркарот на Работнички, Џордан О’Нил.
Американецот не беше дел од стартните пет во „црвено-белиот“ тим. Но тоа не му сметаше да дојде до добри бројки, кои го промовираа како играч со најмногу освоени индексни поени – 29.
За скоро 25 минути во игра, реализираше 20.поени, 1/2 за три поени, 5/5 во обидите за два поени и 7/8 од линијата за слободни фрлања), а освен тоа допиша и шест скока, пет блокади, и по една освоена, односно загубена топка.
Друштво на О’Нил му прават по двајца кошаркари на Тиквеш и на Чаир, тимови кои претрпеа порази во ова петто коло.
СТЕФАН ГЛИГОРИЈЕВИЌ (ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ)
Дојде до двоен ефект на средбата со Маџари, но и неговиот учинок не беше доволен за неговата екипа оствари позитивен резултат.
Сепак, крилото на кавадаречкиот суперлигаш комплетираше 22.поени, а интересно, имаше подобра реализација во обидите за два поени (8/11) отколку оние кои вредат еден (6/11). Оствари и 12.скока (два офанзивни), плус две блокади, две асистенции, две загубени и една освоена топка, за 28 индексни поени.
ЛАМАР ЧЕТМЕН (ЧАИР 2030)
Заедно со Билингсли уште еднаш добија најголем простор од страна на стручниот штаб. Но неговиот дабл-дабл не беше доволен за краен успех во дуелот со екипата на Кожув.
За нецели 34.минути на теренот, реализираше 19.поени (4/8 за три поени, 2/2 за два и 3/3 за еден поен). На тоа придодаде и 11.скока, две асистенции, три загубени и една освоена топка за тој период на теренот, доволно за 26.индексни поени.
ЏЕЈЛЕН БИЛИНГСЛИ (ЧАИР 2030)
Сличен беше и ефектот на неговиот соиграч на крилната позиција во тимот на Чаир 2030. Одигра нешто повеќе минути, скоро 37, во кои постигна 19.поени (2/6 за три, 6/10 за два поени и 1/1 од линијата за слободни фрлања), дополнети со уште девет скока, три асистенции, две освоени, по една згаубена топка и блокада, за индекс 25.
ПЕТАР БОШАЛЕСКИ (ТИКВЕШ )
Одлично издание на младиот репрезентативец на средбата во СРЦ „Кале“, но за жал, и негова, но и на екипата за која игра, не беше доволно за успех против дебитантот во друштвото на најдобрите.
За 32:46 минути на паркетот, дојде до учинок од 18.поени (2/5 за три, 4/5 за два и 4/4 за еден поен), како и седум скока, четири освоени топки, три загубени, и две успешни додавања кои му донесоа 24.индексни поено.
ВТОРА ПЕТОРКА
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Чарлс Гил (МЗТ Скопје Аеродром)
Ламар Вилсон (Пелистер)
Дамјан Крстевски (Пелистер)
Родни Пурвис (Кожув)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

