Манчестер Сити оствари важен триумф над Њукасл со 2-1 на домашен терен, и му се доближи на само два бода на Арсенал на првото место на табелата во Премиерлигата.
(Не)очекуван херој на граѓаните беше Нико О’Рајли кој ги постигна двата гола за „Граѓаните“. Фудбалерот на Сити првиот погодок го постигна во 14. минута откако шутираше од работ на шеснаесетникот и го совлада Поп.
Само осум минути подоцна Њукасл успеа да се врати. Луис Хал шутираше, топката се одби од некој од играчите на Сити, и заврши зад грбот на Донарума.
Во 27. минута повторно на сцена стапи О’Рајли. Скокна највисоко и со глава успеа да го совлада по вторпат Поп.
Откако Њукасл не успеа да израмни, во финишот Сити можеше да стигне и до трет гол, но не успеа да слаи поуибедлив триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

