Седумкратниот светски шампион во снукер, Рони О’Саливен се повлече од Светското Гран При поради медицински причини и нема да игра се до Светското првенство во Шефилд, објавија британските медиуми.
„Рони О’Саливен се повлече од Светското ГП во Хонг Конг, кое започнува следната недела, поради здравствени причини. Тој требаше да игра против Кси Џиахуаи во првото коло в среда, но директно во ждрепката ќе биде заменет од следниот играч на ранкингот, Хосеин Вафеи“, се вели во соопштението.
О’Саливен нема играно од почетокот на јануари, кога незадоволен од играта го скрши стапот на меч од Лигата на шампионите. Потоа се повлече од Мастерсот, ден пред неговиот меч во првото коло со Џон Хигинс. Седумкратниот светски шампион потоа се повлече од Велс опен, Мастерсот во Германија и сега Светското ГП во Хонг Конг.
Светското првенство ќе трае од 19. април до 5. мај во „Крусибл“ во Шефилд, а на натпреварот се очекува да учествува и 49-годишниот О’Саливен, кој се смета за најдобар играч на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

