Легендарниот снукер играч, Рони О’Саливен изјави дека доколку би можел да го врати времето, никогаш не би се занимавал со тој спорт. Петкратниот светски шампион во интервју за „Би-Би-Си“ говореше со какви проблеми се соочувал во текот на кариерата.
„Снукерот е неверојатно тежок спорт. Да можам да го вратам времето не би се занимавал со снукер. Да не играв снукер немаше да пијам лекови за депресија. Играњето и уживањето не беа доволни. Секогаш се прашував поради што имам такво чувство. Имаше денови кога сакав да побегнам од се, поради што луѓето говореа дека имам големи проблеми. Често коментираат дека осцилирам и дека сум нестабилен, но тоа не е така. Јас сето тоа го нарекувам снукер-депресија“, изјави О’Саливен.
Покрај петте титули светски шампион тој во кариерата освои и рекордни седум Мастерси и шампионати на Велика Британија. Професионалната кариера ја почна во 1992. година, а до сега има заработено близу 11 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА