Седумкратниот светски шампион во снукер, Рони О’Саливен е на добар пат да освои уште еден трофеј во својата богата кариера со кој ќе го надмине Стивен Хендри откако се пласираше во полуфиналето на Меѓунардониот шампионат кој се одржува во Тијанџин.
Говорејќи за медиумите Англичанецот откри дека се радува на секоја победа бидејќи со оглед на годините му е се потешко и потешко да се натпреварува со младите и желни за докажување противници.
„Секој меч кој ќе го победам во денешно време е една од најголемите победи во животот бидејќи сум стар. Долго сум тука и не сум подобар, ако ништо друго не сум ни играч каков што бев. Сите тежнеат на остврувања, млади се и гладни и сега е многу тешко. Обично победував лесно на турнирите и не губев многу фрејмови, дури и против врвните играчи, но сега е друго. Уживам во секоја победа која ја остварувам“, изјави О’Саливен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА