О’Саливен: Си давам уште две години, но…

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен доживеа вистински срам во полуфиналето на Светското првенство кое што се игра во „Крусибл“ театарот во Шефилд.

Тој беше прегазен од кинеската сензација, Жао Шиотонг со 17-7. Срамот да биде поголем, популарниот Рони не ни успеа да го одведе мечот во последната сесија.

По мечот популарната „ракета“ изјави дека си дава уште две години кариера, но доколку игра на ова ниво ќе се откаже многу порано.

„Си давам уште две години, но ако играм вака тогаш е сосема бесмислено. Морам да излезам од дупката во која сум“, заклучи О’Саливан.

Се вчитува...