О’Саливен: Вилијамс, Хигинс и јас сме како Роџер и Надал

Рони О’Саливен, еден од најдобрите снукер играчи во историјата на овој спорт со 45 години е на залезот на својата богата кариера. Популарниот Рони настапува уште од својата седум годишна возраст, а ако професионалец кариерата ја започна во делечната 1992 година и зад себе остави бројни рекорди.

Искусниот Англичанец досега одигра бројни турнири на кои 37 пати стигаше до трофејот, а настапи и во квалификациите на Отвореното првенство на Германија каде загуби во првото коло од 60. играч на светот, Хосеин Фафеи кој го декласираше со 5-0 во фрејмови. По елиминацијата О’Саливен говорше за повеќе теми, а една од нив беше и староста каде ветераните на овој спорт ги спореди со оние на тенисот.

„Би рекол дека сега постојат две групи на врвни светски снукер играчи. Првата ја сочинуваат Марк Селби, Џуд Трамп и Нил Робертсон и би можел да кажам дека овие тројца се најдобри во светот во моментот. Надвор од оваа групи би ги сместил Марк Вилијамс, Џон Хигинс и себе си, пред се поради годините. Годините се важни. Сега кога ќе освојам турнир или барем да дадам се од себе на турнир потребни ми се три дена да се опоравам. Кога сте постари ја немате истата концентрација. Во слична ситуација се сега Роџер Федерер и Рафаел Надал во светскиот тенис“, вели О’Саливен.

Се вчитува...