Оар ја засили Рома (ФОТО)

Хусем Оар e нов фудбалер на Рома, потврди италијанскиот прволигаш. Поранешниот француски репрезентативец во редовите на „волчицата“ доаѓа од Лион и ќе остане во главниот град на Италија до 2028 година.

Ангажманот на играчот за врска е слободен со оглед на тоа што договорот на 24-годишникот со франускиот тим за кој одигра 179 натпревари на кои даде 30 голови и забележа 24 асистенции неодмана заврши.

Се вчитува...