Екипата на грчки Еордаикос од Птолемаида во натперварот против Тиела Катсикас, одигра без голови, а во сето тоа придонес имаше и македонскиот стопер 20-годишниот Петар Обадиќ. Обадиќ пред три месеци од Тетекс замина во Грција, и ова за него е прв интернационален предизвик.
Еордаикос е во битката за опстанок, а Обадиќ е задоволен од неговиот трансфер во јануари, со надеж дека еден ден ќе заигра меѓу најдобрите во Грција.
„Секако борбата за опстанок не е завршена и пред нас има уште натпревари во кој ќе мораме уште појако и поцврсто да настапиме, за да ги исполниме очекувањата на нашите навивачи. Благодарам на довербата на стручниот штаб во мене а јас секогаш сум подготвен да го дадам својот максимум за доброто на клубот. И покрај тоа што станува збор за пониска лига, сепак, има многу предизвикувачки натпревари кои бараат добра подготовка, цврсти противници и добра атмосфера, на моменти и напната, со оглед дека на последното гостување, моравме со полиска придружба да го напуштиме градот. Задоволен сум и среќен што дојдов во Еордаикос во јануари. Ова е мојот прв интернационален предизвик, и среќен сум како напредувам, и се надевам дека еден ден ќе заиграм во првенството со најсилните екипи “, истакна Обадиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

