Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, инсистира клубот да му дозволи да направи трансфер во овој зимски преоден рок. Тој беше суспендиран поради недисциплина и не се појави на последниот меч против Волфсбург во рамките на Бундес-лигата, а најавите се дека се наоѓа пред трансфер во англискиот премиерлигаш Арсенал. Според тиражниот „Билд“, Обамејанг побарал од раководството да го продаде.
На Островот тврдат дека Габонецот е многу блиску до преселба во Арсенал. Се чека заминувањето на Алексис Санчез, а парите од неговиот трансфер, најверојатно во Манчестер јунајтед, ќе бидат употребени за да се подмири дел од отштетата вредна 60 милиони евра, што „топчиите“ треба да ја платат на Борусија Дортмунд.
Обамејанг во ваков случај би станал најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал и го надминал Александре Лакезет кој дојде за сума од 53 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА