Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, доби нова фантастична понуда од Кина. Тој беше најавен како огромно засилување за Пари Сен Жермен, но трансферот не се реализира, а сега повторно во игра влегоа кинеските клубови.
Тианјин Куанџиан му нуди четиригодишен договор на Обамејанг со заработувачка од 30 милиони евра по сезона, како и 80 милиони евра кои би оделе на сметката на Борусија Дортмунд како отштета. Сепак, новиот тренер на „милионерите“, Питер Бош, го очекува Обамејанг да се појави на првиот тренинг на 7.јули.
Конечниот збор ќе го има раководството на Борусија Дортмунд и самиот фудбалер, кој веќе напомена дека сака да продолжи да игра во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА