Обамејанг доби понуда која не се пропушта

Пјер-Емерик Обамејанг некогаш спаѓаше во редот на најдобрите напаѓачи во Европа. но веќе неколку години не игра во врвна форма. И покрај тоа тој доби понуда од Саудиска Арабија која не се пропушта.

Имено, тамошниот нов прволигаш Ал Кадисија му нуди 40 милиони евра за двегодишен договор на 35-годишнииот голгетер. Доколку прифати поранешниот фудбалер на Милан, Сент Етијен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Челси, Барселона и Марсеј ќе настапува заедно со Начо Фернандеш, долгогодишниот фудбалер на Реал Мадрид кој прифати да се пресели во Саудиска Арабија по истекот на договор со „кралскиот клуб“.

Обамејанг во кариерата одигра 692 натпревари постигнувајќи 349 голови и 104 асистенции.

Се вчитува...