Арсенал ја искористи предноста на домашниот терен и успеа да слави со 3-0 на дуелот против Стоук, иако „топчиите“ долго време се мачеа да го скршат отпорот на гостинските фудбалери на „Емирати“.
Тимот на Венгер беше далеку од посакуваниот ритам, но сепак во второто полувреме стигна до трите бода пред се благодарение на Пјер Емерик Обамејанг. Поранешниот ас на Борусија Дортмунд ги постигна првите два гола за водство од 2-0, пред Лаказет од пенал да ги постави конечните 3-0.
И покрај триумфот, Арсенал се уште е далеку од четвртото место кое носи во ЛШ следната сезона, но јасно е дека Венгер и неговите избраници нема да се откажат од оваа борба до самиот крај на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА