Обамејанг има нов клуб, бесплатно си оди од Челси

Пјер Емерик Обамејанг е последниот од низата на играчи на Челси кои си заминуваат од „Стемфорд бриџ“ откако Маурицио Покетино објави дека нема да смета на услугите на габонскиот репрезентативец.

Лондонскиот клуб воопшто и не бараше отштета за овој фудбалер, сакајќи само да се ослободи од големата плата што му ја дава, со што ги олесни преговорите за заминување. Обамејанг преговараше со неколку клубови од Саудиска Арабија, но на крајот сепак се реши да остане во Европа и да потпише договор со Олимпик Марсеј.

Сите детали се веќе средени и се очекува искусниот голгетер вечерва да пристигне во Марсеј, а утре по лекарските прегледи да потпише тригодишен договор со овој клуб.

Обамејанг би требало да го заземе местото во нападот на Алексис Санчез, кој ја одби понудата за продолжување на соработката со Олимпик.

Се вчитува...