Обамејанг ќе биде најплатен „топчија“: Потпишува нов тригодишен договор

Арсенал конечно ја реши сагата околу продолжување на договорот со Пјер-Емерик Обамејанг.

Ставена е точка на постојаните шпекулации дали Обамејанг останува во редовите на „топчиите“ со информацијата дека ќе потпише нов договор со важност до јуни 2023 година. И, како што пренесуваат англиските медиуми, ќе биде најскапоплатениот фудбалер на Арсенал и пред Озил кој има 350.000 фунти плата, и покрај тоа што засега не се спомнува висината на неговата плата.

Клучната улога за останувањето на Обамејанг ја одигра Артета кој во неколку наврати разговарал со капитенот, „помогнувајќи“ му да ја донесе вистината одлука и да не ја прифати понудата на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...