Обамејанг ќе го спасува Њукасл од испаѓање?!

Пјер Емерик Обамејанг ќе биде главниот адут на Њукасл во обидите да се обезбеди премиерлигашки опстанок, јавува британскиот весник „Мирор“. „Црно-белите“ ги очекува тешка битка за опстанок во елитата, парите не се проблем, па веќе стапиле во контакт со раководството на Арсенал околу ангажманот на габонскиот голгетер.

Обамејанг е убедливо најплатен фудбалер на „топчиите“ со 300.000 фунти неделна плата, проблем поради која ниту еден клуб надвор од Англија не сака даго доведе овој голгетер во своите редови. Парите пак не се никаков проблем за Њукасл, па „црно-белите“ се подготвени за договор со Арсенал, само за да добијат адут со кого би си ги зголемиле шансите за опстанок.

Договорот би бил за позајмица до крајот на оваа сезона, со можност Њукасл летово целосно да го откупи Обамејанг од „топчиите“, доколку успее да се спаси и догодина да биде дел од Премиер-лигата.

„Црно-белите“ во меѓувреме ги продолжуваат и преговорите со Атлетико Мадрид за ангажман на десниот бек Киран Трипие.

Се вчитува...