Обамејанг проговори за заминувањето од Арсенал: Артета не знае да води големи играчи

Пјер Емерик Обамејанг ова лето направи предавство и по настапите за Арсенал заигра за големиот лондонски ривал – Челси. Габонскиот репрезнетативец не замина славно од „Емирати“, му беше одземена капитенската лента и влезе во конфликт со Микел Артета по што му беше дозволен премин во Барселона.

Говорејќи на подкаст тој откри детали од заминувањето од Арсенал велејќи дека за истото е виновен тренерот Микел Артета кој не знае да предводи големи играчи.

„Артета не знае да се носи со големи личности, со големи играчи. Тој сака млади фудбалери кои не говорат ништо, кои не одговараат и само слушаат“, изјави Габонецот.

Арсенал во новата сезона игра одлично и е на врвот на табелата со бод повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Во последниот натпревар забележа и нова голема победа, славејќи против Ливерпул во дербито на колото.

Се вчитува...