Обамејанг се врати назад во стариот клуб, пак ќе игра во Лигата на Шампионите

Пјер-Емерик Обамејанг се приклучи на листата на фудбалери кои по краток период минат во Саудиска Арабија се враќаат назад во европскиот фудбал.

Поранешниот голгетер на Арсенал и Барселона почека да му истече богатиот договор со Ал Квадсија, по што Обамејанг беше решен – враќање во Европа е единствена опција. Во меѓувреме тој доби неколку интересни понуди, за на крајот да пресече – враќајќи се во редовите на Олимпик Марсеј.

Tој беше член на Марсеј во сезоната 2023/24 (пред да замине за Ал Квадсија), играјќи одлично и постигнувајќи 17 погодоци за овој клуб. Во ситуација кога Олимпик се врати назад во Лигата на Шампионите, двете страни постигнаа договор Габонецот да се врати на „Велодром“ и да потпише до јуни 2027 година.

Се вчитува...