Олимпик Марсеј ќе мора да се снаоѓа без најдобриот стрелец од ланската сезона откако Пјер Емерик Обамејанг денеска и официјално објави дека го напушта францускиот клуб.
Искусниот голгетер дојде во Марсеј летото 2023 како слободен играч од Челси, постигна 30 погодоци, но не успеа да помогне Олимпик да оствари позабележителен успех откако овој тим го освои само осмото место на табелата.
Искусниот 35-годишен напаѓач веќе го има договорено и следниот ангажман – преселба во тимот на Ал Кадсија од Саудиска Арабија, клуб со кој во следните денови ќе потпише двогодишен договор.
„Време е да почнам ново поглавје“, порача Обамејанг во објавата на социјалните мрежи, притоа заблагодарувајќи им се јавно на челниците на Олимпик Марсеј што му ја исполниле желбата да добие зелено светло за заминување од „Велодром“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА