Габон со поразот од Мароко од 3-0 ги загуби сите шанси за пласман на СП 2018, но најдобриот фудбалер на оваа земја, Пјер Емерик Обамејанг, денеска упати сериозни обвинувања на адреса на домаќините. Според Обамејанг, поразот бил логичен след на околностите откако половина од габонските фудбалери се пожалиле на стомачни болки.
„Половина екипа и стручен штаб болни на денот на натпреварот. Што ни беше ставено во сокот од портокал“ – напиша Обамејанг на својот твитер профил.
Неколку часа подоцна следеше и ироничен одговор од мароканскиот репрезентативец Мехди Бенатија, кој му порача на Обемајанг: Сокот беше „чист“, во чајот ставивме.
Мароко со оваа победа остана на чело на групата со девет бода, на еден чекор до обезбедување на пласман на СП (второпласирана е селекцијата на Брегот на Слоновата Коска со осум бода).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА