Напаѓачот на Арсенал, Пјер – Емерик Обамејанг, би можел да го напушти клубот од „Емирати“ и да замине во далечната Кина, доколку не успее да одолее на понудите што пристигнаа на негова адреса. Финансиски можните клубови Гвангжу Евергарнде и Шангај СИПГ се подготвени да му дадат неделна плата од 300.000 евра за да го доведат интернационалецот од Габон во кинескиот фудбал.
Тој во Арсенал заработува 213.000 евра седмично и има договор со клубот до 2021 година. Изминатата сезона постигна 31 гол во сите натпреварувања, но Арсенал не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, а го загуби и финалниот меч во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА