Поранешниот фудбалер на Челси, Пјер Емерик Обамејанг во опширно интервју говореше на повеќе теми, а се осврна и кон отказот на Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на Шампионите.
Обамејанг откри дека однесувањето на германскиот стратег не било својствено, наместо да им вика на фудбалерите, тој само ги собрал своите работи и заминал пред да добие отказ.
„Загубивме од Динамо и Тухел беше нервозен. Во друг случај ќе беснееше, но сега само влезе во соблекувалната и замина. Си помислив „Ова не е човекот кој го познавам, многу чудно“. Следниот ден доби отказ“, откри Обамејанг.
Отказот на Томас Тухел наиде на големо разочарување кај навивачите на клубот со оглед на тоа што германскиот стратег само сезона претходно им ја донесе посакувалната титула во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА