Обамејанг „заложник“ во Гамбија

Голгетерот на Арсенал, Пjер Емерик Обамејанг го изрази своето незадоволство од раководството на Афричкиот Куп на Нации, откако фудбалерот и неговите соиграчи од репрезентацијата на Габон беа задржани како „заложници“ на аеродромот во Гамбија пред дуелот од четвртото коло од ова натпреварување.

По слетувањето на аеродромот на играчите на Габон им биле одземени пасошите и покрај покажување на документација за негативни резултати на коронавирус, притоа оваа „проверка“ траела цели шест часа при што играчите биле проморени да „одмараат“ во чекалната.

Обамејанг себе си и соиграчите ги нарече „заложници“ и ја запраша афричката федерација дали им е јасно дека мечот е нерегуларен уште пред самиот почеток. На домашната репрезентација денеска и е неопходна победа за да остане во игра за пласман во следната фаза на натпреварувањето, па на секој начин се обиде да направи притисок врз фудбалерите на Габон.

Но, сепак од сето тоа, цариниците успеаја само дополнително да ги мотивираат Обамејанг и соиграчите кои се борат за враќање во ова натпреварување по пауза од една година.

Се вчитува...