Обдукцијата ја откри причината за смртта на Златко Сарачевиќ

Легендарниот ракометар Златко Сарачевиќ почина во неделата на 60-годишна возраст. На Сарачевиќ му се слошило во автомобилот додека се враќал дома по натпреварот меѓу Подравка и Локомотива, а за жал лекарите не можеа да го спасат. Брзата помош пристигнала веднаш на местото на настанот, го пренеле во болница, но за жал срцето на Златко Сарачевиќ престанало да чука.

Обдукцијата потврди дека Сарачевиќ починал од срцев удар, како што се претпоставуваше, а погребот на ракометната легенда ќе биде извршен утре.

Сарачевиќ е роден во Бања Лука на 5 јули 1961 година. Кариерата ја започна во Борац, а во својата богата кариера играше за Медвежак, Загреб, Веспрем, Замет и француските клубови Ним, Бордо, Кретеј и Истра.

Се вчитува...