Обединети Арапски Емирати учат ракомет во Македонија

Женската ракометна репрезентација на Обединетите Арапски Емирати, престојува на седумдневни подготовки во Македонија. Женскиот ракомет во ОЕА е во зачеток и за нив престојот и тренинзите во земјата во која ракометот е спорт број еден претставува драгоцено искуство. Престојот на репрезентацијата на ОАЕ во Македонија е организиран на иницијатива на д-р Маан Махмалат кој живее во Македонија, а тенденцијата е во иднина да се воспостави поширока соработка и меѓу ракометните федерации на двете земји

За време на престојот и подготовките во Македонија, со репрезентацијата на ОАЕ покрај нивниот стручен штаб, ќе работи и поранешниот македонски селектор, Владимир Глигоров.

Ракометарките од ОАЕ вчера присуствуваа на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Будуќност. Во текот на престојот во Скопје репрезентативките на ОАЕ тренираат во СЦ „Јане Сандански“, а ќе одиграат и неколку тренинг натпревари со јуниорските екипи на Вардар и на Металург.

Се вчитува...