Државната награда “8 Септември”, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот, беше најавена во Агенцијата за млади и спорт на прес конференција на која присуствуваше директорот на АМС Дарко Каевски и претседателот на одборот за награди Ленче Алексовска Величковска.
Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот оваа година завршува во рацете на претседателот на карате-федерацијата ,Драган Стојановски, додека четирите награди „8 Септември” со кои се оддава признание на тренери, спортисти и спортски работници за остварувања во областа на спортот ќе се доделат на: Кочо Димитровски, Томе Коцев, Слободан Николиќ и Атанас Николовски.
„Осми септември 1991 година е длабоко врежан во меморијата на нашиот народ. Симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист, а тоа е победата. Овој празник е прослава на победата, а токму таа е мотив на спортистите и спортските работници“ – Државната награда за спорт “8 Септември” претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаа да ја промовираат државата и да постигнат високи резултати“, изјави Каевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА