Ситуацијата во Барселона не е баш идеална, почнувајќи од затегнатите односи на Луис Енрике со играчите, па се до притисок кој се создаде поради лошиот резултат од првиот четвртфинален натпревар во ЛШ со Јувентус.
Но, никогаш не се знае… Барса без сомнение ја има најдобрата напаѓачка тројка во светот, па како таква сигурно мора да биде и добро платено.
Во пресрет на реванш пресметката со Јувентус, обелоденети и платите кои ги заработуваат фудбалерите на каталонскиот гигант. Тројката Меси – Суарез – Нејмар неделно заедно заработува околу еден милион евра. Лионел Меси заработува 430 илјади евра неделно, што е 22,3 милиони евра годишно. Зад него по висина на плата е Нејмар со 342 илјади евра неделно (околу 18 милиони евра годишно) и потоа следи Луис Суарез со 283 илјади неделно (околу 15 милиони евра годишно).
Зад оваа тројка е Андрес Иниеста со 195 илјади евра неделно, или нешто повеќе од 9 милиони евра годишно, па Серхио Бускетс со 170 илјади евра неделно и стоперската двојка Хавиер Маскерано и Џерард Пике со по 153 илјади евра неделно, или околу 7 милиони евра годишно.
Единствениот Хрват во редовите на Барселона, Иван Ракитиќ се наоѓа во златната средина, со плата од „скромни“ 80 илјади евра неделно, што е 4,1 милиони евра годишно, а толку заработуваат и Андре Гомеш и Серџи Роберто.
Помала плата од овие тројца имаат Марк-Андре тер Штеген (70 илјади евра неделно), Алекс Видал (70 илјади евра), Денис Суарез (47 илјади евра неделно), Самуел Умтити (47 илјади евра), Рафиња (44 илјади евра), итн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА