Фудбалерите на Црвена Звезда гостуваат на Вардар во Скопје како дел од хуманитарен натпревар, од кој сите приходи ќе бидат донирани за настраданите од трагедијата во Кочани.
Се очекува да има повеќе од 20.000 гледачи на овој спектакл, организиран по повод најголемата трагедија која се случи од независна Македонија.
Од овој натпревар е обезбеден и ТВ пренос, а тој ќе биде на Арена 3 премиум каналот.
Се очекува двата тима да им дадат шанса на сите играчи по малку да играат на овој пријателски меч со хуманитарен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА