Обезбедени една милијарда долари за клупското СП, добро ќе профитира и победникот

2025 година носи новитет во светот на фудбалот со прво издание на ФИФА Светското клупско првенсто во формат со 32 учесници. Натпреварувањето ќе биде одиграно од 14. јуни до 13. јули со огромна сума на награден фонд од една милијарда долари кои ќе ги поделат клубовите.

Поголема добивка ќе имаат клубовите кои доаѓаат од Европа, помеѓу 12.81 и 38.19 милиони долари со зависност од остварениот успех. Тимовите од Јужна Америка ќе добијат по 15.21 милиони долари бонус за учество, клубовите од Северна Америка, Централна Америка, Азија и Африка по 9.55 милиони долари, а претставникот на Океанија 3.58 милиони долари.

Добро ќе профитира и освојувачот на натпреварувањето со оглед на тоа што за него е предвидена награда од 125 милиони долари.

Покрај тоа распределен ќе биде и фонд од 250 милиони долари како солидарност за фудбалот ширум светот.

„Покрај средствата кои се обезбедени за клубовите учесници, ќе биде спроведен и програм на солидарнсот со цел да се доделат 250 милиони долари за фудбалот ширум светот“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Се вчитува...