Интересна приказна раскажа поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати за тоа како „неаѕурите“ го добиле еден од најдобрите свои фудбалери во историјата, холандскиот репрезентативец Весли Снајдер.
Во разговор за италијанските медиуми, Морати соопшти дека обичен шанкер бил најзаслужен што Интер се одлучи да го купи Снајдер во генерацијата која под водство на Жозе Мурињо, а во чии редовите беше и Горан Пандев, ја освои Лигата на шампионите.
„Бев во Форте де Марми, и ме запре шанкер: ‘Претседателе, ни недостасува само еден играч. Оној кој ќе биде одлучувачки во средниот ред. Снајдер’ – ми рече. Зборуваше со таква убедлива сила што, за да не правам грешки, му се јавив на Бранка, барајќи од него да провери со Мурињо дали го следел и ни е неопходен. Бранка се јави и рече дека Мурињо категорично извикал: „Го посакувам кај нас!“. Почнавме преговори, кои брзо напредуваа бидејќи Снајдер не добиваше минутажа во Реал. Никогаш повеќе не го видов тој шанкер. Сакав да му се заблагодарам…“ – раскажува Морати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

