Раководството на Кошаркарската Федерација на Македонија е решено што поскоро да стави крај на конфликтот меѓу клубовите и домашните кошаркари, откако прволигашките екипи поднесоа иницијатива за промена на правилото за македонски играчи на терен. Клубовите бараат да не постои задолжително присуство на тројца домашни кошаркари на терен, заканувајќи се дури и со одбивање за настап доколку барањето на биде прифатено.
„Свесни сме за конфликтот што постои меѓу клубовите и кошаркарите, сакаме што поскоро да биде решена целата ситуација. Прво ќе се обидеме со дијалог, до крајот на оваа седмица ќе свикаме состанок на кој од една страна ќе бидат викнати инцијаторите за промени, а од друга страна Здружението на професионални кошаркари. Искрено се надеваме дека ќе биде најден заеднички јазик, доколку тоа не се случи ние ќе ја донесеме конечната одлука“ – соопштија од раководството на КФСМ.
Клубовите бараат да остане ограничувањето на четири странски кошаркари, но да не важи правилото за задолжително присуство на терен на домашни играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА