Обид за убиство или несреќен случај: Репрезентативец паднал од балкон…

Репрезентативецот на Саудиска Арабија, Фахад Ал-Мувалад се бори за живот откако паднал од терасата на својот дом во Дубаи, информираат медиумите од Обединетите Арапски Емирати.

Овој 30-годишен фудбалер настапи за Саудиска Арабија на квалификациските средби со Кина и со Индонезија, а по враќањето назад во Дубаи дошло до страшна случка, пад од терасата од станот кој се наоѓал на втор кат од зграда во ексклузивниот дел на градот.

Првите инфорации говорат дека тој бил сам во моментот на несреќата, пријателите го напуштиле станот триесетина минути пред страшната случка, а полицијата собира докази со видео-снимки од околината да утврди дали тоа навистина е несреќен случај.

Дополнителна димензија на целиот случај даваат обвинувањата дека станува збор за режиран напад од страна на Саудискиот принц.

„Саудискиот принц се обиде да го убие фудбалерот. Ал Мувалад бил нападнат од луѓе на Абдулах бин Мосад ал Сауд, кои намерно го фрлиле од вториот спрат“, се вели во едно од десетината обвинувања со слична содржина.

Се вчитува...