Обидите за рестарт на фудбалот во Европа вратени три чекори назад

Обидите за рестарт на фудбалот на европскиот континент се вратени неколку чекори назад по последните случувања со коронавирусот во Германија, Италија, Англија…

Најблиску до враќање беше Германија, но откако вчера беше потврдено дека тројца членови на Келн се позитивни на Ковид-19 сега германската влада тешко дека ќе даде зелено светло за почеток на Бундеслигата. Од Келн најавија дека ќе продолжат да тренираат согласно мерките за превенција, но се појасно е дека брзото продолжување на лигата нема да се случи.

Слично е и во Италија каде Владата категорична е на ставот дека не се создадени услови за продолжување на Серија А. Од италијанската влада, наспроти тоа, посочуваат дека се блиску до одлука за прогласување крај на сезоната.

Англија, пак, во моментов е, се чини, единствената земја во Европа во која пандемијата се уште нема знаци на смирување. Сето тоа навестува дека Премиерлигата, и покрај желбата на клубовите, нема да продолжи на почетокот од јуни како што се посакуваше. Според последните информации сега интенцијата е англискиот фудбал да продолжи кон крајот на јуни, па низ забрзано темпо лигата да заврши до 3. август.

 

Се вчитува...