Натпреварот помеѓу Аталанта и Комо кој требаше да го затвори петтото коло од Серија А нема да биде одигран поради поради обилен дожд.
Поради истиот предвидено беше натпреварот да започне еден час подоцна, од 21:45, но тоа нема да биде случајот. Конечната одлука на официјалните лица е натпреварот да се одложи за 24 часа, па ќе се одигра во вторник вечер во 20:45 часот.
‼️ | Atalanta v Como delayed for the moment due to heavy rain and poor pitch conditions…. pic.twitter.com/Hpand34Uv3
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) September 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА