Арената „Мир и пријателство“, домот на евролигашот Олимпијакос е речиси целосно поплавена од обилен дожд, пренесуваат медиумите кај нашиот јужен сосед.
Обилниот дожд кој ја зафати Пиреја во последните денови лошо се одрази под легендарната арена созавајќи проблеми на самиот паркет, централниот семафор и теретаната која ја користат кошаркарите на Олимпијакос. Проблемот доаѓа поради лошото одржување и невложувањето во арената од одговорните лица, нешто на што самиот клуб се жалеше во минатото.
Поради тоа голема е веројатноста дека следниот домашен натпревар на Олимпијакос, оној против Лаврио во домашното првенство закажан за 29. декевмри ќе биде одложен.
Добра вест за „црвено-белите“ е тоа што во периодот по новата година следат серија на гостувања како во Евролигата така и во домашното првенство па одговорните лица ќе имаат можност да ја санираат штетата до 10. јануари кога Олимпијакос го пречекува Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА