Објаснето зошто не е признаен голот на Реал, но тоа објаснување ништо не објаснува… (ВИДЕО)

Поранешниот шпански судија Алфонсо Перес Буруља даде објаснување за непризнаениот гол на Реал Мадрид во последните секунди од синоќешниот меч на „Месталја“ против Валенсија кој заврши без победник, 2-2.

Судијата Хил Манзано се одлучи среде центаршут на „кралевите“ да свири крај на натпреварот само една секунда пред Белингам да постигне гол. Но, на крај, неважечки. Што предизвика силни тензии по средбата, црвен картон за Белингам поради протести и физичка пресметка на играчите на Реал со обезбедувањето на стадионот.

Буруља, пак, застанува во одбрана на судијата Манзано…

„Судијата исправно досуди крај на мечот. Незадоволни беа и оние кои напаѓаа и оние кои се бранеа. Брахим Диас ја имаше топката и неговиот центаршут беше дури по вториот допир. Во тој момент, исправно беше досуден крај на средбата. Токму тие еден или два контакти повеќе на топката на Диас едноставно се неприфатливи и затоа мораше да се суди крај“ – вели Перес Буруља.

Chaos ensues at the end of the Valencia-Real Madrid game.
byu/Chelseatilidie insoccer

Се вчитува...