Објавен оглас за нови ракометни судии

Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии.

Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се!

✅ Критериуми / Услови за пријавување:

наполнети 16 години

да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта

да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот

добри комуникациски вештини и способност за работа во тим

одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)

подготвеност за обука/семинари и тестирања

добра психофизичка подготвеност

спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по номинација

📩 Пријавување: испрати кратка биографија (CV) на: strucna.komisija@gmail.com

🗓️ Рок за пријавување: до 15 февруари

Пријави се сега и стани ракометен судија!

Се вчитува...