Објавен разговорот меѓу судиите на Ливерпул – Тотенхем: „Дијаз, тоа е погрешно. О, да му е..м“

„Линијата е на ногата, проверката заврши, проверката заврши. Чекај, чекај, чекај, но одлуката на теренот беше офсајд“. Ова е почетокот на проблематичниот разговор меѓу ВАР судиите откако го поништија голот на Луис Диаз за 1-0 на натпреварот Тотенхем – Ливерпул, кој му припадна на Тотенхем со 2-1.

Во ВАР собата беа Дарен Ингланд и Ден Кук, кој сега некое време нема да суди. Но, тоа не им значи на играчите на Клоп, кои во тие мигови имаа играч помалку, и постигнаа гол, но потоа откако беше поништен голот, примија гол и губеа 1-0. Се вратија на 1-1, но Тотенхем постигна уште еден гол за победа.

„Дали сте среќни со оваа одлука? Да. Дали сте среќни? Офсајд, гол, да. Но, тоа е погрешно Дијаз“, е реченицата која придонесе за многу прашалници.

„Сликата која ја пративме, играчот е во добра позиција“, зборува техничарот, а судијата од ВАР собата заклучува.

„Му ја даде топката, а тој беше во дозволена позиција. О, да му е..м. Одложи, одложи“, му зборуваа да го прекине мечот, но веќе беше предоцна.

Се вчитува...