Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против селекциите на Шведска и Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Селекторот Горан Станиќ за претстојните натпревари со Шведска и Полска се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);
Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);
Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);
Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички).
По четири кола од групата за пласман на ЕП 2027, Македонија има победа против Ерменија. Полска и Италија се на првите две места со максимални 12 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

